Карпош Соколи станува АД, продолжува да настапува во Супер Лигата

Со седум гласови за и еден против (Куманово) беше прифатен заклучокот на Здружението на Кошаркарски Прволигаши, кои му искажаа поддршка на тимот на Карпош соколи, кој ќе има дополнителен рок до среда за да ја комплетира неопходната документација за трансформација во АД и да продолжи да се натпреварува во Супер-лигата.

“Согласно предлогот на Комисијата за натпреварување, донесен е заклучок КК Карпош Соколи 2000 да најдоцна до среда достави термин за одигрување на одложениот натпревар, со приложување на комплетна документација која ќе ја верификува МКФ, а се задолжува Комисијата за Натпреварување да изрече соодвени санкции во рамките од своите овластувања” – соопштија од Здружението.

Од ваквиот развој на настаните разочаран беше претседателот на КК Куманово, Бане Јовановски.

“Другари, останете ми со здравјте и решавајте си”
– револтиран беше претставникот на Куманово, напуштајќи ја седницата на Здружението на прволигаши.

Членовите на Натпреварувачката комисија го објаснија следот на настани, потенцирајќи дека мечот мора да се игра во следните три дена, но само доколку Карпош соколи ја прикаже неопходната целокупна документација за трансформација во АД, верификувани од Македонската Кошаркарска Федерација.

“Според редоследот како што почнавме да го решаваме целиот случај, следните чекори се тие: Еднаш одложен меч мора да се одигра во текот на следната седмица, во случајов најдоцна до среда за да има простор при евентуална жалба до Арбитража. Организаторот на натпреварот (домашната екипа) дава термин за одигрување на средбата, ако тој меч се игра в среда во 18 часот, до тој рок мора да поднесе документи верификувани од страна на МКФ”
– порачаа од Натпреварувачка Комисија.

Извор: Екипа.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.