Картер: САД треба подобро да одговорат на руската агресија во Европа

САД треба да го зголемат бројот на воени вежби и на програми за обука во Европа и да ја засилат размената на разузнавачки инфромации во рамките на НАТО, со цел подобро да одговорат на руската агресија во регионот, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Ештон Картер, пренесува МИА.

На средба во Германија со 40 американски високи воени офицери и 14 дипломатски претставници во европските земји, Картер нагласил дека сегашните меѓународни економски санкции кон Русија не придонеле за запирање на „руската воена поддршка на сепаратистичките бунтовници во Украина“.

Според него, САД и повеќе други земји стравуваат дека рускиот претседател Владимир Путини би можел стратегијата од Украина да ја искористи и на други места во регионот, со што Русија се става во позиција на противник на САД.

– Треба да преземеме и други работи, бидејќи во моментов Владимир Путин не го менува курсот… Затоа треба да се прилагодиме на таа реалност во долгорочна перспектова, потенцирал Картер.

Учесниците на средбата, што се одржа зад затворени врати во штабот на Европската команда на САД, изразиле стравување дека руската тактика во Украина би можела да биде користена и на други места во светот, што предизвикува загриженост меѓу земјите-членки на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.