Картичката на ЈСП, „Скопска“ ќе се продава во маркети

ЈСП од почетокот на месец јануари почна со продажба на неперсонализирани електронски картички, наречени “Скопска” кои се без фотографија на носителот.

До сега се продаваа само персонализирани картички со фотографија наречени “Моја Скопска”.

Продажбата на овие картички се врши на билетарите на ЈСП, а новина е тоа што наскоро ќе почне продажба и на 35 локации на мастер дилерот на ЈСП кој наскоро ќе биде објавен. Тоа ќе бидат локални мали маркети каде што пазаруваат скопјани и каде што дополнуваат сметка за мобилен. На самиот старт бројката ќе биде 35, а понатаму ќе се шири мрежата на ЈСП.

Важно за неперсонализираната картичка е тоа што таа не содржи лични податоци, односно неа може да ја користат и останатите членови на семејството.