Магазин

Картите за „Буба Мара“ продадени за еден час

Картите за „Буба Мара“ продадени за еден час

Македонија со нетрпение го очекува новото издание на „Златната Бубамара на популарноста“, манифестација која потоа се раскажува и прераскажува.

И оваа година на овој голем забавен собир на едно место ќе бидат најголемите ѕвезди од Македонија и Балканот.

Радио „Бубамара“, засега не отркрива никакви делови од сценариото, кое секоја година се чува во тајност. Но, од радиото откриваат дека оваа година ќе ни го претстават едно од најнезаборавните изданија кои ќе ни останат во трајно паметење.

Слоганот за оваа година е „Смеете да се смеете“, а како што велат организаторите, доколку ги следните нивните препораки на крајот од вечерта вашите фасцијални мускули ќе бидат со тешко запаление, од смеење и пеење, а целата забава е на нивен грб.

И оваа година, заинтересираноста за „Златната Бубамара“ е голема, а тоа го покажува и самиот факт што билетите од нивното пуштање во продажба биле распродадени за еден час.

Местото на „злосторот“ е добро познато- Универзална сала, на 19-ти февруари, а почетокот е во 20 часот.