Картите за натпреварот кој Металург ќе го игра против Кил пуштени во продажба

Според информацијата од РК Металург денеска од 12 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот на нашиот македонски шампион со Кил кој се игра во сабота од 21 часот.

карти

Билетите може да се најдат во продажните салони на “ОНЕ”, во Скопје и низ Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk. Сите оние кои ќе купат онлајн билети, истите ќе можат да ги заменат на билетарaта на СЦ „Борис Трајковски“ на денот на оддржување на натпреварот од 15 часот. Цената на билетите, во зависност од позицијата на трибините се движат од 200 до 500 денари.