Картите за „Златна бубамара на популарноста“ достапни он-лајн

Еден дел од билетите за јубилејното 20. издание на хумористично-сатиричното шоу „Златна бубамара на популарноста“, кое што ќе се одржи на 20 февруари во „Метрополис арена“, денеска се пуштени во он-лајн продажба, преку „МК Тикетс“, а ќе може да се купат најмногу до четири билети.

Денеска преку „МК Тикетс“ имало побарување од дури 7.000 карти, кои он-лајн се продале за три минути.

Претходно билетите се продаваа пред Универзална сала и се создаваа долги редови, а последните години, преку он-лајн продажба тоа е олеснето.

Годинава, со мото „Што ќе биде, нека биде!“ во Штабот на „Златна бубамара на популарноста“ одлучно стојат на ставот „Пари не ви враќаме!“. Се’ е подготвено за добра забава.

3333