Спорт

Карваљо е следниот во списокот на Ван Гал

Карваљо е следниот во списокот на Ван Гал

Најтиражниот таблоид на Островот, “Сан”, пред неколку часа ја пласираше информацијата дека раководните лица на Манчестер Јунајтед веќе неколку дена престојуваат во Лисабон каде го договараат веќе најавениот трансфер на младиот играч за врска, Вилијам Карваљо.

Првата официјална понуда за 22-годишниот репрезентативец на Португалија, вредна 27 мил. фунти беше експресно одбиена од челниците на Спортинг од Лисабон со образложение дека Карваљо може да добие дозвола за промена на клупската средина само доколку заинтересираниот клуб ја исплати ослободителната калузула во неговиот договор, вредна околу 37.5 мил. фунти.

Доколку не најдат заеднички јазик со челниците на португалскиот клуб, раководните лица на Манчестер Јунајтед своето внимание ќе го насочат кон холандскиот интернационалец од редовите на Милан, Најџел де Јонг.