Карваљо ќе избрира помеѓу Манчетсер Ј. и Реал М.

Стандардниот првотимец во дресот на португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон, Вилијам Карваљо, откри дека во новата сезона ќе игра или англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед или за шпанскиот гигант Реал (М).

“Можно е да потпишам или за Манчестер Јунајтед или за Реал (М). Убаво е чуството кога знаеш дека си желба на најголемите клубови од Европа. Сепак, јас моментално сум целосно фокусиран на мојот тим, на Спортинг од Лисабон. Ќе го дадам максимумот на секој натпревар кој ќе го одиграм до крајот на актуелната сезона. Ќе видиме се што ќе се случи за време на летниот преоден рок”, изјави младиот играч за врска кој е проценет на 15 мил. фунти.