Македонија

Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Битола

Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Битола

Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, утре во 17 часот во Битола, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура (мала сала). Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.