Касиерка го оштетила казиното во кое работела за 280.000 денари

Четириесет и шестгодишната гостиварчанка Ф.Ѓ., вработена како касиер во казино доби кривична пријава под сомнение дека го оштетила казиното за 280.000 денари.

На 17. септември минатата година во периодот од 15.00 до 23.00 часот во својство на одговорно лице, злоупотребувајќи ја својата положба, пуштила поени во повеќе различни апарати во кои играла и потрошила поени од депозитот на казиното во износ од 280.000 денари.