Касиљас е единствениот лидер во дресот на Шпанија

Селекторот на актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, Винсенте дел Боске, откри дека во неговиот тим има само еден лидер, а тоа е капитенот на националниот тим, Икер Касиљас.

„Среќата секогаш му се насмевнува на Икер. Освои се што можеше да освои на фудбалската сцена, а пред неколку недели го освои и пехарот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Икер по четврти пат е дел од фудбалскиот Ммундијал и со право ја има улогата на лидер.

Сите мои фудбалери напорно работеа за време на подготовките и сите се подготвени за игра. Самиот ќе одлучам кој е во најдобра форма, кој е најподготвен за првиот дуел од групната фаза, натпреварот против репрезентацијата на Холандија. Имам неколку алтернативи на располагање и многу ми е жал но ќе морам многу добри фудбалери да оставам на клупата за резервни фудбалери”, изјави Дел Боске.