Касиљас: Јас сум виновен за срамниот пораз

Дека е вистински капитен, Икер Касиљас покажа и со изјавата дека кај него треба да се бара вината за срамниот пораз кој репрезентацијата на Шпанија го доживеа во дуелот против селекцијата на Холандија.

„Време е да бидеме тивки, убаво да размислиме и да се фокусираме на следниот натпревар, на дуелот против Чиле кој ќе биде како еден финален натпревар за Шпанија. Сакам јавно да се извинам за срамниот пораз. Јас сум највиновен, ја преземам сета одговорност. Точно дека има многу критики, но сега ни е потребна подршката од најверните фанови кои мораат, што е можно побрзо да го заборават поразот од Холандија. На сите ни е јасно дека не одигравме како што треба и ја прифаќаме таа критика. Немавме среќа, но сега ќе се фокусирам на дуелот против Чиле. Јас ја преземам сета вина, сите критики нека завршат на мојата адреса”, изјави голманот на Реал (М).