Касиљас најпосле доби подршка од Мурињо

Иако важи за најголем негов критичар, контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, најпосле застана во одбрана на првиот голман на Шпанија, Икер Касиљас и го предупреди селекторот на “црвената фурија”, Винсенте дел Боске дека ќе направи голема грешка ако Касиљас денешниот дуел против репрезентацијата на Чиле го започне од клупата за резервни фудбалери.

“Јас не би го оставил сега Касилјас на клупата против Чиле. Позицијата голман е навистина специфична и јас не сум за тоа поради една лоша партија да се менува голман. Касилјас треба да брани. Голман се менува поради лоша форма и недостаток на самодоверба, а не една лоша партија“ , изјави трофејниот португалски стручњак.