Касиљас: Навивачите секогаш се во право

Навивачите на Реал Мадрид упатија свирежи на адреса на капитенот Икер Касиљас за време на градското дерби против Атлетико.

Кралевите“ доживеаја пораз на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:1, а свирежите за Касиљас беа поради првиот гол примен по само десетина минути игра.

-Навивачите секогаш се во право, но јас не слушнав свирежи. Мораме да работиме напорно и да бараме поддршка од навивачите. Сега ни е потребна од било кога, вели Касиљас.

Карло Анчелоти застана во одбрана на својот голман.

-Голот е примен од првата статива и не е грешка на голманот. Не слушнав свирежи. Бев концентриран на мечот, мислев само на тактиката. Не ги слушнав навивачите, вели Карло Анчелоти.

Реал по три кола во новата сезона има само три бода, бидејќи пред Атлетико Мадрид, доживеа пораз и од Реал Сосиедад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.