Касиљас: Не заслуживме ваков крај

Големо разочарување поради срамната елиминација можеше да се забележи на лицетот на капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Икер Касиљас кој по натпреварот против селекцијата на Чиле изјави дека актуелниот светски и европски шампион не заслужил таков крај на мундијалската авантура во Бразил.

„Кога во првите две средби на СП ќе се претрпат два порази, нема што повеќе да се додаде. Сакам да им се извинам на
сите наши фанови, на цела Шпанија, за големото разочарување, искрено жалиме за она што се случи на овој шампионат. Немаме објаснување, не можам да кажам што тргна во погрешна насока, но факт е дека сега го допревме дното, откако пред четири години го допревме врвот. Како и да е, не заслуживме ваков крај… Сега ни останува само уште да се фокусираме на мечот со Австралија, да славиме на него и со барем малку да го поправиме впечатокот“, изјави голманот на Реал (М).