Касиљас неизвесен во дуелот против Македонија

Шпанија загуби со 1:0 во вчера одиграниот пријателски натпревар со Франција, а на голот на „црвената фурија“ беше Давид Де Хеа, наместо Икер Касиљас, досегашната главна опција на голманската позиција.

Касиљас не се реши да се прости од настапите во националниот дрес, иако дел од неговата генерација репрезентативци се повлекоа, па ризикува да биде замена на далеку помладиот Де Хеа.

„Сакавме да му дадеме шанса на Де Хеа, да видиме како ќе реагира на голема средба. Тој ги задоволи сите критериуми“, изјави селекторот на Шпанија, кој пак кога беше запрашан од новинарите, дали Де Хеа ќе го започне и натпреварот со Македонија на 8. септември, тој едноставно кажа „ќе видиме“.

Шпанија и Македонија ги отвараат квалификациите за наредното европско првенство. Шпанската селекција по фијаското на светското првенство е со речиси потполно сменет состав.