Касиљас повтроно покажа колку го сака Реал (М)

На неколку часа до официјалниот крај на зимскиот преоден рок, легендарниот капитен на шпанскиот гигант Реал (М), Икер Касиљас стави крај на сите шпекулации кога е во прашање неговата иднина на “Сантијаго Бернабеу”.

“Пак ќе изјавам, не знам по кој пат, сакам да останам на “Сантијаго Бернабеу”, сакам да останам во редовите на Реал (М). Сега го знаете мојот најголем сон, мојата идеа, мојата желба и потреба. Уште како дете сонував како го носам дресот на Реал (М), како сум дел од првиот тим. Сакам тука да останам до крајот на мојата кариера. Тука сум најсреќен и убеден сум дека порано или подоцна се ќе си дојде на свое моесто и повторно ќе бидам прв избор за голманската позиција”, изјави репрезентативецот на Шпанија.