Касилјас влегува во историјата – стигна до бројката од 51 меч без да прими гол

Касилјас го мина Ван Дер Сар на листата голмани со најмногу натпревари без примен гол

Касилјас, кој е дел од Порто не прими гол во елитата на 51 меч, со што официјално го мина Ван Дер Сар кој на своето конто имаше 50 средби без примен гол.

Шпанскиот чувар на мрежата во дресот на Реал Мадрид забележа 50 средби без примен гол, додека во Порто ова е прв меч во кој не му е затресена мрежата.

Триумфот на Порто над тимот од Тел Авив го донесоа Абубакар и Брахими (2:0).

Рубен Невеш стана најмладиот капитен во историјата на Лигата на шампионите

Фудбалерот на Порто, Рубен Невеш во елитата ја носеше капитенската лента со само 18 години и 221 ден, со што стана најмладиот капитен во историјата на Лигата на шампионите.

Рубен Невеш е најмладиот капитен во историјата на ЛШ
Рубен Невеш е најмладиот капитен во историјата на ЛШ

Невеш на листата го мина голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев кој во 2006 година ги предводеше “армејците” со 20 години и 227 дена. Фудбалерот го предводеше Порто на мечот против Макаби Тел Авив, кој португалскиот тим го доби со лесни 2:0.

Младиот Португалец дебитираше за Порто на 17 години и 221 дена и многумина сметаат дека тој е новата голема ѕвезда во светскиот фудбал.