Каспер Хвит: Шансите за 1/4 финале на Колдинг се 50-50

Голманот на данскиот ракометен клуб Колдинг,Каспер Хвит, видно разочаран од исходот во Скопје, за официјалниот сајт на својот тим изјави дека се уште имаат шанси дасе пласираат во ¼ финалето во Лигата на шампионите

„Во Скопје игравме многу под своите можности. Во реваншот се надевам дека ќе играме многу подобро, особено во поглед на реализацијата на контанападите. Мислам дека шансите ни се се уште 50-50 и јас се надевам дека в недела ќе славиме во арената „Трефор“ во Колдинг. Салата мора да биде исполнета до последното место и ќе ни треба поддршка во сите 60 минути, ако сакаме да оствариме севкупна победа во двомечот“, изјави Хвит.

Колдинг загуби во првиот осминафинален натпревар во Скопје од Металург со 23:17.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.