Кастратовиќ: Имаме 10 дена за подготвка за следниот дуел

„Вардарки“ вчера на домашен терен славеа со висока победа од 37:25 во дуелот со шведскиот тим Савехоф.

Триумфот беше очекуван и со новите два бода и поразот на Букурешт во Унгарија од Ѓер (28:22) ракометарките на ЖРК Вардар се пробија на третото место на табелата во групата 2.

Со ова покажавме дека можеме и не смееме да застанеме тука. Имаме 10 дена за подготовка за следниот дуел и почнуваме да размислуваме за Букурешт. Едно е јасно дека Вардар може да игра, но проблемот е да го покаже своето вистинско лице со секој ривал и на секој терен. Треба вака да продолжиме и веќе на следниот натпревар во Букурешт одиме без бело знаме, истакна тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ.

Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра на 16.февруари во Букурешт против истоимената романска екипа што претставува и директен дуел за третото место во групата во овој момент.