Кастратовиќ: Се надевам дека ќе ја повториме играта од Скопје и на дуелот во Данска

Кастратовиќ: Се надевам дека ќе ја повториме играта од Скопје и на дуелот во Данска
Кастратовиќ: Се надевам дека ќе ја повториме играта од Скопје и на дуелот во Данска
Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар попладнево гостуваат во Данска кај екипата на Митјиланд во рамки на 4.коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Пред седум дена во Скопје ЖРК Вардар победи со 33:24, но Митјиланд направи изненадување со победата над унгарски Ѓер на негов терен.
– Се надевам дека ќе успееме да ја повториме агресивната игра од Скопје и на дуелот во Данска. Одбраната е клучот на успехот, со добра одбрана можеме да стигнеме до позитивен резултат. Пад во играта како во Скопје, не смее да ни се случи, дека противникот ќе знае да не казни, изјави пред дуелот тренерот Индира Кастратовиќ.