Спорт

Кастратовиќ најaви подобра игра на ЖРК Вардар во ЛШ

Кастратовиќ најaви подобра игра на ЖРК Вардар во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар СЦБТ  славеше над Турингер со 31:25 во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во ЛШ, но тренерката Индира Кастратовиќ најави  уште подобра игра на другите натпревари во ова натпреварување.

“Би сакала да им честитам на сите за прикажаната добра и квалитетна игра. Задоволна сум дека освоивме два бода, затоа што знаев дека ова ќе биде тежок натпревар, сличен како што беше против Бера Бера, кога го игравме нашиот прв натпревар во Лигата на шампионите. Очекував да играат брза игра, се подготвувавме за тоа, но направивме неколку грешки кои мора брзо да ги елиминираме. Верувам дека во следните натпревари нема да ги повториме грешките и мислам дека од натпревар во натпревар, ќе играме се подобро“ , изјави Кастратовиќ.