Спорт

Кастратовиќ: Најбитно е да ги запреме Пино и Бајрамовска

Кастратовиќ: Најбитно е да ги запреме Пино и Бајрамовска

Поразот од Лајпциг во претходното коло од ракометната Лига на шампиони беше разочарувачки за екипата на ЖРК Вардар, но се чини дека полека тој лош натпревар е веќе заборавен, а сите сили се насочени кон дуелот со Крим кој ќе се игра во сабота.

Ракометарките се полни со оптимизам, а ветуваат беспоштедна борба и прв триумф во главната групна фаза од ЛШ.

“Повеќе не смееме да си дозволиме таква игра како на мечот со Лајпциг. Немаме простор за поправен, мораме да гледаме позитивно напред, да ги гледаме сите грешки. В сабота одиме на победа, од првата минута да тргнеме во својот препознатлив ритам и на гостинките од Словенија во ниту еден момент да не им дозволивме да се понадеваат на триумф” – изјави Барбара Лазовиќ.

Тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ нагласи дека главен акцент ќе треба да се стави на одбраната што македонскиот првак треба да ја игра против Алисон Пино и Мирјета Бајрамовска.

“Можам само да кажам дека против Лајпциг не го покажавме сето она што го знаевме и што го очекувавме. Секоја сезона играме многу тешко на првите натпревари, но тоа не е алиби, едноставно се вртиме напред кон дуелот кон Крим. Добро се подготвуваме за овој меч, сметам дека главната опасност за нас ќе доаѓа од Пино и од Бајрамовска, па ќе сториме се за да го ограничиме нивното влијание врз играта на Крим. Ако го сториме тоа верувам дека значително ќе си ги зголемиме шансите за триумф” – изјави Индира Кастратовиќ.