Кастратовиќ: Никој не се надеваше дека Јуле ќе погоди од 12 метри

Полуфиналниот дуел меѓу македонскиот шампион Вардар СЦБТ и Будуќност на фајнл форот во Лигата на шампионите во Будимпешта, можеше да биде решен во наша полза кога во 59 минута од натпреварот Јулија Николиќ, даде гол од 12 метри за водство од 17:16. Но, овој погодок на бекот на “црвено – црните” не беше признат, бидејќи претходно тренерката Индира Кастратовиќ, побара тајмаут.

„Кој се надеваше дека Јуле ќе даде гол од 12 метри ? Никој”, изјави Кастратовиќ по натпреварот.

Таа по поразот го прокоментира судењето, но и прегрубата игра на црногорскиот шампион.

„Кој очекуваше дека судиите ќе дозволат ваква игра, дека ќе толерираат груби прекршоци . Буквално не отепаа . Само видете што и направија на Лекиќ. Знаевме дека Будуќност игра груба игра . Ние сакавме да играме ракомет и го покажавме тоа во второто полувреме.Покажавме дека сме подготвени за вакви натпревари, но малку ни фалеше да се пласираме во финалето“, додаде Кастратовиќ.