Кастратовиќ: Одбраната е клучот за победата над Митјиланд

Тренерката на македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ, истакна дека во пресрет на средбата со Митјиланд ( сабота во СЦ Борис Трајковски во 18.00 ч) во тимот се работи на подобрување на играта во одбрана.

“Неделава работевме на подобрување на одбраната. На девојките им кажав дека одбраната е клуч за победата. Митјиланд или поранешен Икаст е квалитетен состав. Завршија на првото место во првата групна фаза. Нам добро ни е познат квалитетот на данскиот ракомет. Ние на претходните два натпревара не покажавме се, а верувам дека во следните натпревари ќе играме подобро и подобро, истакна Кастратовиќ

Вардарки во рамките на третото коло од главната фаза од Лигата на шампиони игра значаен натпревар за пласман на една од првите две позиции во групата.
На првите два дуела Вардар СЦБТ има победа над Турингер и реми со Савехоф или вкупно три бодови и е на лидерската позиција во првата четвртфинална група.