Кастратовиќ повеќе не е тренер на Црна Гора

Поранешниот тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар, Зоран Кастратовиќ повеќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Црна Гора. Неуспешниот настап на последното Европско првенство предизвикал незадоволство кај постарите членови на националниот тим, што според црногорските медиуми било и причина за отказот на Кастратовиќ.

Кастратовиќ со Црна Гора обезбеди пласман на СП во Шпанија и ЕП во Данска преку елиминација на Шведска и Германја, но очигледно ова не беше доволно за да ја задржи довербата кај раководството на националната федерација.