Кастратовиќ: Публиката беше нашиот осми играч

Ракометрките на ЖРК Вардар СЦБТ забележаа тешка победа над Митјиланд во третиот натпревар во првата четвртфинална група во Лигата на шампионите. Вардарки славеа со 24:23, а тренерката Индира Кастратовиќ, истакна дека публиката имала голема заслуга за овој триумф, односно била нивниот осми играч.

“Во првиот дел ние не одигравме така како што се договоривме, и не сум задоволна од нашата игра. Сепак во вториот дел докажавме со какви можности располагаме и мислам дека тој е начинот на игра кој што треба да го применуваме во иднина. Мора да им се заблагодарам на нашите навивачи, тие беа нашиот осми играч на овој натпревар, односно одлучувачки фактор за победа”, изјави Кастратовиќ.