Кастратовиќ: Само победа и ништо друго

Вардарки се оптимистички расположени и најавуваат дека публиката и целокупната спортска јавност конечно ќе ја видат моќта на екипата, нешто што беше тешко да се примети во претходните изданија, иако беа забележувани добри резултати.

“Нема размислување каков епилог очекуваме од дуелот со Подравка. Секако, само победа. Не сум задоволна од формата на тимот на претходните дуели, но верувам дека од натпревар на натпревар ќе играме се подобро. Најважна е одбраната и сакам тука подобрување на нашата игра. Јас силно верувам во девојките кои се најдобри во Европа, и веќе в недела во нашиот спортски центар ќе го покажат тоа” – истакна на денешната прес-конференција Кастратовиќ.

kastratovic-615x400

Поддршка за тимот истакна и претседателот на ЖРК Вардар, Гордана Нацева која ја нагласи сопствената силна верба во стручниот штаб и во тимот од кои очекува на следните дуели во Лигата на шампионите да го покажат сиот свој квалитет.

“Очекувам и верувам во сигурна победа, победа која уште повеќе ќе ја засили самодовербата и ќе ја подигне формата во пресрет на важните натпревари до крајот на групната фаза. Верувам во стручниот штаб, верувам во ракометарките, ги следам нивните тренинзи и знам дека само прашање е на време кога ќе ја достигнат својата најдобра форма. Очекувам и поголем одзив од публиката, мислам дека ќе имаме добра ракометна претстава со еден наш старт спортски пријател”
, изјави Нацева.

pres-zrk-vardar