Кастро не им верува на САД, но не е против соработка

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро изјави дека се уште не им верува на политичарите во Вашингтон, но и покрај тоа смета дека несогласувањата меѓу Куба и САД треба да се решат по пат на соработка, пренесе МИА.

Со свој прв коментар на декларацијата од 17 декември меѓу двете земји за подобрување на односите, Кастро се обрати преку писмо до студентската федерација, кое беше прочитано во Хаванскиот универзитет.

– Не им верувам на американските политичари, ниту сум разменил еден збор со нив, но тоа не значи дека го отфрлам мирното решавање на проблемот, пишува во писмото.

Осумдесет и осум годишниот Кастро нагласи дека секогаш бил приврзаник на соработка меѓу народите, вклучувајќи ги и непријателите на Куба.

ФОТО: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.