Касулидис: Европските санкции на Русија ќе ја уништат економијата на Кипар

Економските санкции на Европа против Русија ќе ја уништат економијата на Кипар, изјави денеска кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис во интервју за еден германски весник.

„Постојат силни економски односи меѓу Кипар и Русија. Доколку санкциите навистина се неопходни, тогаш секоја членка би требало сама да донесе одлука за тоа дали во нив ќе учествува. За какви мерки и да се работи, не смееме да си наштетиме,“ додаде тој.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија одлучија во понеделникот да го прошират списокот на имиња на лица на кои им е забрането патување во ЕУ и располагање со пари во европските банки поради, како што наведува Франс прес, нивната вмешаност во украинската криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.