Катаклизмите се пред нас: Ова се катастрофите кои што ги предвидуваат експертите

Следните децении бројот на временски непогоди ќе биде зголемен, во следниот период ќе има се’ повеќе катаклизми, предупредуваат метеоролозите.

Според мислењата на експертите, зголемениот број на природни катастрофи е поврзан со промената на климата. Симптомите веќе и започнаа бидејќи оваа зима ги изненади жителите од различни континенти. Божикна топлина ја погоди традиционално студената Русија, посебно во градови во централна Русија.

Од друга страна, се забележува рекордно ниска температура до САД. Во Канада за прв пат по сто години замрзнаа Нијагарините водопади.

Во Австралија поради високите температури постојано се прекинуваат натпреварите на престижниот Австралија Опен.

„Циркулацијата на воздушна маса се промени така што во нивното преместување во меридијански правец стана се’ поинтензивна“, објаснува раководителот на климатската програма на Светскиот фонд на дива природ, Алексеј Кокорин.

Некои временски непогоди можат да бидат поврзани со природните промени на планетарната клима, но не смее да се изостави мошне важниот фактор, а тоа е ефектот на „стаклена градина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.