Каталонија не е Шкотска – Над 80 отсто гласале за независност

Повеќе од 80 отсто од гласачите на симболичниот референдум гласале за независност на Каталонија од Шпанија, покажуваат првипните резултати, јавува „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.

Овие резултати биле објавени по обработени 88,4 отсто од гласовите.

Изразено во бројки, тоа значи дека 1,649.239 Каталонци гласале со „да“ на двете прашања: „Сакате ли Каталонија да биде држава?“, и „Ако да, сакате ли да биде независна од Шпанија?“, соопштил заменик претседателот на каталонската влада, Жоана Ортега.

„Референдумот“ беше спроведен и покрај негодувањата на Мадрид. И официјалниот и симболичниот рефрендум беа забранети од шпанскиот Уставен суд и тоа по барање на владата на Шпанија.

Но, каталонските локални власти, спеак одлучија да спроведат референдум, и покрај тоа што резултатите немаат правна дејност.

Симболичното гласање за независност на Каталонија е бескорисен пропоаганден акт, изјавил шпанскиот министер за правосудство, Рафаел Катала. Тој е првиот член на конзервативната влада на Мариано Рахој, кој јавно изразил свое мислење за референдумот во кој учествуваа над два милиони лица.

Според него, симболичниот референдум е политичка пропаганда во корист на регионалниот лидер Артур Мас, но нема никакво демократско значење.

Од друга страна, пак, Артур Мас, претседател на регионалната  каталонска влада, го објави референдумот за „целосно успешен“.

referendum

– Тоа докажува дека Каталонија сака да управува самостојно, и сака самата да си ја решава судбината, потенцирал тој и упатил апел до власта во Мадрид да организира „конечен референдум за суверенитетот на Каталонија како што тоа беше направено со Шкотска, а претходно со Квебек“.

Мас го повикал јавно шпанскиот премиер Мариано Рахој „да го чуе гласот“ на жителите на автономната област, „која сака да има можност, согласно законите, да ја определи својата иднина“.

– Не го разбирам Рахој. Прво вели дека тоа не е референдум, но истовремено обвинителството презеде определени дејствија. Молам да не’ остават на мир, да не ни пречат. Ние го заштитуваме своето право на слободно изразување, на демократија и на слободна мисла. Ако народот сака да го изрази своето мислење, тој тоа трбеа и да го стори, рекол каталонскиот премиер.

Гласањето заврши вчеравечер во 20 часот по локално време. Право да учествуваат на референдумот имале сите граѓани на возраст од над 16 години, во чии лични документи како адреса е наведено наелено место во Каталонија. Според официјални податоци, на тие услови одговараат околу 5,4 милиони лица.

Галсањето вчера минало без никакви проблеми, а на многу места имало долги колони од граѓани кои чекале за да гласаат.

referendum2

– Вчерашното гласање е последната епизода од долгото несогласување меѓу Мадрид и Барселона, главниот град на Каталонија, која обезбедува околу една петтина од националното богатство на Шпанија, објавуваат медиумите.

ФОТО: ЕПА