Каталонија со општ штрајк ги брани своите права

Од фудбалскиот клуб Барселона до вработените вособорниот храм „Саграда Фамилиа“ и на повикот на 40 синдикати и здуженија, Каталонија во вторникот со генерален штрајк предупредува на недозволивото кршење на човековите права и слободи од страна на шпанската полиција во обидите да го спречи одржувањето на референдумот за самоопределување и отцепување од Шпанија.

Во обидот на Цивилната гарда и интервентната полиција да го спречи изјаснувањето, повредеби се 893 лица од кои четири потешко во неделата, кога според каталонските власти гласале 2,26 милиони гласачи од 5,3 милиони лица со право на глас, и од нив 90 отсто се изјасниле за независноста.

Штрајкот ќе го опфати пристаништето и јавниот транспорт, јавните универзитети, Музејот на современа уметност, концертната сала Палау, а ќе штрајкуваат и вработени во еден од најпознатите споменици на културата во Барселона, Гаудиевата катедрала Саграда Фамилиа.

Ќе штрајкуваат и фудбалскиот клуб Барселона и нема да има ниту професионален ниту јуниорски тренинг. Ќе им се приклучат и клубовите од шпанските фудбалски лиги од Каталонија.

Оваа голема мобилизација ќе ја следат и многу различни манифестации со коишто Каталонците сакаат да предупредат на недозволивоста на полициското насилство на референдумот за самоопределувањето, а што ја отвори најдлабоката криза во Шпанија по смртта на диктаторот Франсиско Франко во 1977 година кога во земјата е воспоставен демократскиот систем.

Челниците на самоуправната покраинска влада на Каталонија, североисточниот шпански регион со големиба колку Белгија во којашто живеат 16 отсто Шпанци, најави дека сериозно размислува за тоа да прогласи независност кога ќе бидат објавени конечните резултати од гласањето.

По апсењата и пребарувањата на гласачките места, запленувањето на гласачкиот материјал, затворањето на мрежните страници и приведувањето на функционери и службеници, организациите коишто ја заговараат независноста ветија „трајна мобилизација“ на каталонското општество протви „трајните понижувања“ коишто им ги нанесува Мадрид.

Глува на овие критики, конзервативната шпанска влада, но којашто ја има јасната поддршка и до левата опозиција, одговори дека Каталонија „манипулира со масите“.

Каталонија се обрати и до меѓународната заедница барајќи помош за да се „гарантираат граѓанските права“ на Каталонците, а претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон, во понеделникот побара „меѓународно посредување“ за судирот со Мадрид.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој на состаноците со челниците на другите две големи партии застапени во шпанскиот парламент, Социјалистичката работничка партија (PSOE) и центристичката Граѓани (Ciudadanos) покажа подготвеност да ги проучи предлозите кои ги дале другите партии за да се одговори на прашањето во врска со Каталонија, соопшти неговиот кабинет.

Истовемено во понеделникот Европската унија го повика Рахој да започен дијалог, а Обединетите нации повикаа да се спроведе истрага за насилствата на гласачките места. Европскиот парламент најави дека за состојбата во Каталонија ќе дискутира во среда.

Но во Шпанија јазот се продлабочува и, се чини, ги надминува политичките рамки. Во понеделникот во Барселона 200 припадници на Цивилната гарда мораа да го напуштат хотелот по ноќното собирање на демонстранти кои им довикуваа навреди и фрлаа со шишиња на зградата.

Во Мадрид со свирежи и навреди беше пречекан каталонскиот фудбалер Жерар Пике, кој јавно се изјасни дека е Каталонец и оти ја поддржува независноста. „Пике, копиле, Шпанија е твојата татковина“, извикуваа некои од гледачите на тренингот на шпанската фудбалска селекција во подготовките за квалификациите за светското првенство, по што тренингот траеше само 23 минути.