Свет

Каталонија за прв пат нема да го емитува говорот на кралот Карлос

Каталонија за прв пат нема да го емитува говорот на кралот Карлос

Традиционалниот божикен говор на шпанскиот крал Хуан Карлос за прв пат нема да биде емитуван на телевизиската станица „ТеВе3“ во Каталонија.

Работниците во телевизиската станица во Каталонија повикаа на получасовен штајк во време кога е потврдено емитувањето на кралскиот говор.

Аналитичарите истакнуваат дека кралот најверојатно во својот говор нема директно да го споменува прашањето на независноста, но ќе ги повика Шпанците да се обединат додека земјата се обидува да излезе од длабоката петгодишна економска криза.