Анализи

Каталонската криза и „Брегзит“ се производ на еден ист национализам

Каталонската криза и „Брегзит“ се производ на еден ист национализам

Многумина во моментов очекуваат каталонските власти да прогласат независност, по референдумот одржан на 1 октомври, годинава. Но, какви ќе бидат последиците за Каталонија, ако навистина се оддели од Шпанија.

Според професорот Пол де Грауве од Европскиот институт при лондонскиот Универзитет за економија, постојат паралели меѓу движењето за независност на шпанската област и другите форми на национализам во Европа. Тој смета дека слични политички движења претставуваат парадокс во светот на глобализацијата: кога националистичките актери сакаат повеќе формален суверенитет, тие постигнуваат многу помал реален суверенитет за своите сопствени народи.

Британскиoт премиер Дејвид Камерон нема да влезе во учебниците по историја како образован лидер. Иако во 2014 година година тој одлучи да се одржи референдум за независност на Шкотска, тој го искористи својот мозок и ја отвори вратата за негово спроведување. Гласањето беше на 18 септември 2014 година, и едвај 45 отсто од Шкотите гласаа за независност. Контрастот, пак, со референдумот во Каталонија не може да биде поостар.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој презеде глупав чекор и одлучи да користи насилство за да го спречи референдумот во Каталонија, и покрај фактот што тој мирен референдум најверојатно ќе доведеше до слични резултати како оние во Шкотска. Шпанија и Каталонија сега се насочија кон конфликт. Ситуацијата можеше да се избегне, ако Рахој не патеше од догматизам и степен на национализам, еднакви на тие во Каталонија. Каталонските националисти сега добија голема поддршка благодарение на глупоста на Рахој. Телевизиските кадри како шпанската полиција тепа и млади и стари, за да не им дозволи да гласаат, создаде впечаток за малтретиран народ, кој се бори за слобода. Но, нештата повеќе нема како да се подалеку од реалноста. Каталонците не се малтретиран народ. Имаат високо ниво на автономија. Тие си организираат сопствено образование, на сопствен јазик. Нема пречки за културниот развој на Каталонија. Тоа е најпросперитетниот регион во Шпанија. Барселона е високоразвиен и успешен град, различен од другите во Шпанија. Каталонците си се безбедни на регионално, национално и на европско ниво. Лицето на малтретиран народ е лажно.

Каталонскиот национализам е истиот вид на национализам како британскиот, кој доведе до „Брегзит“. И тој се заснова на дузина митови.

Првиот мит е дека има надворешен непријател. За поддржувачите на „Брегзит“ тоа беа европските власти (Европската комисија, Европскиот суд и.т.н.), кои ја наложуваат својата воља врз Велика Британија. За каталонските националисти непријателот е шпанската власт, која го угнетува каталонскиот народ.

Вториот мит е дека народот кој се бори независност има јасно определен идентитет. Целта на политичарите националисти е да ја слушаат вољата на народот. Може да има само еден глас. Нема место за различни и гласови кои оспоруваат. Британската власт моментно повикува на патриотизам. Противниците на „Брегзит“ не се вистински патриоти.

Третиот мит е дека независноста ќе создаде неочекуван економски просперитет. Кога народот „ќе ја преземе контролата“ ќе добие инструменти за постигнување на максимален економски просперитет. Тоа е денешниот аргумент на поддржувачите на „Брегзит“, како што е министерот за надворешни работи Борис Џонсон. Кога „Брегзит“ ќе биде спроведен целосно (колку поскоро, толку подобро), Велика Британија ќе ја постигне својата вистинска судбина. „Глобална Велика Британија“ ќе се одвои од протекционистичката Европска Унија. Велика Британија, среќна, ќе склучи спогодби за слободна трговија со останатиот дел од светот, што ќе доведе до просперитет. Таков повод за просперитетна и независна Каталонија се чува денеска и од каталонските националисти.

Реалноста всушност е дека глобализацијата го поткопува националниот суверенитет. Тоа се случува на многу начини. Еден таков пример е како мултинационалните корпорации ги принудуваат националните власти во Европа и успеваат да ги натераат скриено да ги намалат корпоративните даноци, и тоа насекаде. Во ниту една земја не е народна воља тие даноци да бидат ниски. Тоа е резултатот зошто владите дејствуваат како национални субјекти. Ако тие одлучуваат за даноците на европско ниво, тогаш мултинационалните корпорации нема како да им вршат притисок на националните влади, и нема да има скриено намалување на даноците.

Друг пример е што меѓународната трговија не е толку под влијание на тарифите, колку што е на удар на нетарифните бариери. Големите држави одлучуваат за стандардите и за регулаторната средина, која ја управува трговијата. Моментно постојат тројца актери: САД, ЕУ и Кина, кои одлучуваат за природата на тие стандарди и правила. Другите земји не учествуваат во таа игра. Така, кога Велика Британија излезе од ЕУ, за да добие поголем суверенитет, ќе „си ја врати контролата“, единствено во формална смисла. Во пракса, нејзиниот реален суверенитет ќе исчезне. Јасно е дека слично ќе и’ се случи и на Каталонија. Доаѓаме до следниот парадокс во светот на глобализацијата: кога националистите сакаат поголем формален суверенитет, тие постигнуваат многу помал реален суверенитет за својот народ. Тие сакаат да ја преземат контролата, а на крајот се покажува дека всушност имаат помала контрола. Велика Британија ќе заврши така. Тоа ќе го постигнат и каталонските националисти, ако ги следат слепо своите националистички мечти. И покрај се’ тој парадокс има природни последици: кога државите во Европа се откажуваат од својот формален суверенитет, тоа води до повеќе реален суверенитет за народите на Европа.