Свет

Каталонскиот парламент го поддржа референдумот за независност

Каталонскиот парламент го поддржа референдумот за независност

Пратениците во локалниот парламент во шпанскиот регион Каталонија со своето гласање го поддржаа барањето за одржување на референдум за отцепување од Шпанија.

Каталонскиот парламент ја поддржа петицијата за одржување на референдум со 87 гласови „за“ и 43 „против“, со само три воздржани.

Иницијатицата за отцепување од Каталонија е голем предизвик за шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој ветил дека ќе го блокира референдумот, повикувајќи се на одредби од Уставот.