Каталонскиот парламент му го изгласа правото на Пучдемон да биде претседател

Каталонскиот парламент, во кој мнозинството го имаат поборниците за незавосност, во средата му го изгласа на отстранетиот од централната влада на Шпанија, Карлес Пучдемон, правото да биде избран за претседател на регионалната влада што е првиот конкретен чекор да го вратат на чело на покраината.

Трите партии за независност: Заедно за Каталонија (JXC), Каталонската републиканска левица (ERC) и Кандидатурата на народното единство (CUP), кои имаат 70 од 135 места во каталонскиот парламент во Барселона, донесоа резолуција со којашто отстранетиот претседател на владата има право да биде преседател на Каталонија.

Медитеранската покраина со 7,5 милиони жители која создава најмалку 19 отсто од шпанскиот БДП, веќе три месеца е без влада поради опструкциите на судовите во Шпанија, но ниту изгласаната резолуција нема во моментов да ја промени политичката парализа.

Резолуцијата ја донесоа поборниците на независноста откако во Германија по шпанскиот налог за апсење беше приведен Пучдемон кој во притвор ја чека одлуката на германските судии за екстрадиција во Шпанија. До соопштување на одлуката законски може да поминат 60 дена.

Пучдемон беше кандидат за претседател откако трите партии го освоија мнозинството на предвремените парламентарни избори во декември кои ги распишава владата во Мадрид откако ја суспендираше автономијата на Каталонија и ја презема директната контрола врз институциите на покраината. Имајќи предвид дека му се заканувше апсење под обвинение за бунт против Шпанија и организирање на референдумот за независност од 1-ви октомври, Пучедмон по прогласувањето на Република Каталонија во покраинскиот парламент на 27-ми октомври живее во егзил во Белгија. А бидејќи му се заканува апсење во Шпанија, пратениците сакаа да го изгласат и изберат во отсуство, со посредство на видео врска. Шпанскиот Уставен суд тоа го забрани, наведувајќи дека лицето мора лично да се појави на гласање во парламентот за да биде избрано.

„Мешњето на шпанското правосудство не’ обврза на откажување од неговото именување, но нема да се откажеме“, истакна Гема Геис, пратеничка од партијата Заедно за Каталонија, од којашто доаѓа Пучдемон, во текот на парламентарната расправа во средата.

Пучдемон, кој е уапсен врз основа на европски налог за апсење, е обвинет заедно со уште 25 каталонски функционери, од кои дел се во притвор крај Мадрид, а обвинението за сите беше потврдено минатиот петок, непосредно пред второто гласање во петокот кога на сепаратистичкиот кандидат Жорди Туруљ му беше потребно просто мнозинство гласови во парламентот, но беше притворен со што и беше оневозможен да се појави на гласањето.

Во средата во каталонскиот парламент беше изгласана и декларација со којашто се бара ослободување на притворените функционери, кои за Каталонците се политички затвореници.

„Сакаме да го пријавиме постоењето луѓе во егзил и политички затвореници (…). Бараме нивно моментално пуштање на слобода“, изјави Геис во парламентот. На празните места на отсустните парламентарци беа поставени жолти ленти заврзани во јазол, кои го симболизираат барањето за нивно ослободување.

Антикапиталистичката CUP побара од претседателот на парламентот организирање седница на којашто би бил изгласан и прогласен Пучдемон за претседател на владата на Каталонија, без оглед на „институционалните последици“.

Партијата, Catalunya en Comú (CEC), којашто се противи на независнсота но поддржува договорен референдум за независност, смета дека партиите за независност треба да изберат друг кандидат за да се прекине управувањето на Каталонија од Мадрид.

„Да се избере Пучдемон? И што после тоа? Нови судски процеси? Нови затвореници? Нови резолуции? Немам повеќе прашања. Потребни ни се одговори“, изјави пратеникот од оваа партија, Ксавиер Доменеш.

Доколку во двата следни месеца не биде избран нов претседател на владата, Каталонија ќе мора повторно да оди на избори. Мадрид се надева дека конечно на тие избори сепаратистите во каталонскиот парламент ќе го загубат мнозинството.

Партијата на центарот Граѓани, којашто е против независноста, порача дека поборниците на независноста траба да престанат „да ги мамат“ граѓаните. „Излезете од тој надуен меур кон независноста. Никој не верува дека Шпанија е диктатура“, рече лидерката на партијата Инес Адимадас.

Нејзината партија на изборите во декември доби поединечни најмногу пратенички места, 36 од 135, две повеќе од партијата на Пучдемон, но тоа не е доволно да состави влада. Ниту со сите партии коишто се залагаат за целоста на Шпанија, не може да собере натполовична мнозинство од 68 места.