Каталонските власти велат дека има поврзаност меѓу двата напада

© AP Photo/Manu Fernandez

Владата на шпанската покраина Каталонија објави во петокот дека терористичкиот напад на улицата Ла Рамбла во центарот на престолнината Барселона и обидот на терористите да извршат сличен напад во Камбрисл се меѓусебно поврзани.

„Шемата е иста“, изјавил министерот за внатрешни работи на Каталонија, Жоаким Форн. Претходно тој изрази сомневање за поврзаност меѓу нападот врз пешаците на улицата Ла Рамбла и налетот со возило врз полицајците во барселонската општина Сан Жуст Десверн.

Во тој нов напад со комбе кој се случи по еден часот по полноќ кон понеделниот на шеталиштето во каталонското туристичко гратче Камбрилс, седум лица се повредени, по што полицијата објави дека ги застрелала четворицата напаѓачи.

Комбето се појавило на шеталиштето газејќи ги минувачите, слично како и во нападот кој неколку часа претходно се случи н а100 километри оддалечената Барселона. Во возилото имало пет лица. Следела престрелка во којашто полицијата убила четири лица, а едно ранила.

Лицата од комбето имале појаси со експлозиви, пишува порталот на весникот La Vanguardia. На снимката која ја објави телевизијата RTVE се слуша гласот на маж кој не се гледа кој вика „К… синови, имале појаси со експлозив“. На снимката се гледаат тела како лежат на земјата.

Камбрилс е приморско гратче со околу 33.000 жители во североисточната покраина Каталонија. Полицијата преку Twitter ги повика жителите и туристите да не излегуваат од домовите „за да не дојдат во опасност“. На телевизиските снимки се слушаат истрели.

Претходно околу 17, 20 часот комбе усмрти 13 а повреди 107 луѓе во центарот на Барселона. За овој напад одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава а како причина го наведе учеството на Шпанија во меѓународната коалиција предводена од САД против оваа терористичка група во Ирак и во Сирија.