Катар 2015: Прво балканско дерби Македонија-БиХ

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е третиот ривал на Македонија на Мундијалот во Катар. Од 17 часот во „Али Бин Хамад Ал Атијах Арена“ македонските ракометари ќе се обидат да стигнат до нов триумф што ќе значи и обезбеден пласман во осминафиналето.

„Црвено-жолтите“ на овој меч влегуваат од првото место во групата со две победи од претходните две кола, додека дебитантот на Светските првенства стартуваше со победа над Иран, а во 2.коло загуби од Австрија.

Денеска покрај овој натпревар се играат и другите од 3.коло во групите Б и А.

Распоред на двојките.

Б група:
Македонија – БиХ (17 часот),
Хрватска – Иран (17 часот),
Австрија – Тунис (19 часот).

Табела: Македонија 4 бодови, Хрватска 4, Австрија 2, БиХ 2, Иран 0, Тунис 0.

А група:
Белорусија – Бразил (15 часот),
Шпанија – Чиле (15 часот),
Словенија – Катар (17 часот).

Табела: Словенија 4, Шпанија 4, Катар 4, Бразил 0, Белорусиија 0, Чиле 0.