Катар е противник по мерка за Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра пријателскиот натпревар против селекцијата на Катар.

Дуелот против не толку атрактивниот противник ќе биде одигран во италијанскиот град Риети, а ќе старута во 19:00 часот.

Предводникот на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски смета дека во пресметката со катарците мотив за позитивен резултат нема да недостасува.

“Мотив за утрешниот натпревар нема да недостасува. Со оглед на квалитетот, верувам дека ќе оствариме резултат каков што посакуваме. Резултатот на овие контролни дуели е важен, но во овој момент не е пресуден за нашата репрезентација. Реков дека мојата основна цел на натпреварите е да направам селекција која ќе го носи товарот на битните натпревари од квалификациите за ЕП во Франција, тогаш и мојата одговорност ќе биде многу повисока, ќе зависам од резултатите на својот труд. Катар сигурно ќе има голема желба да оствари позитивен резултат, ќе видиме на кои начин ќе бидат поставени, но најважно е ние да бидеме во вистински ритам. Ќе има промени во нашиот состав, веројатно ќе играме и формациски на друг начин во однос на натпреварот против Камерун, се надевам дека секој од нас ќе биде на висина на задачата. Доколку ги исполниме тактичките замисли и секој од играчите биде фокусиран на своите обврски ќе ни биде полесно на сите, изјави селекторот Бошко Ѓуровски за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија.