Катар на територијата на Македонија, ние би оделе во Африка

Мапата е наречена Што ако бројот на жители на секој земја одговараше на нејзината површина

Мапата наречена „Што ако бројот на жители на секоја земја одговара на нејзината површина“ направи прераспоред на локации на речиси сите земји во светот.

Според мапата, бројот на жители на една од најбогатите земји Катар одговара за квадратурата на Македонија, а ние според бројот на жители се најдовме во централна Африка на местото на Бурунди, со нови соседи – Филипините, Гамбија и Аргентина.

Населението на Јапонија или Виетнам кои во моментов „се туркаат“ на прилично мала територија би можеле малку да си ги протегнат нозете доколку ги преземат териториите на Канада и Австралија, кои пак би можеле своите граѓани да ги преселат на нешто помали територии.

Но, сепак и доколку секоја земја биде подготвени на ваков чекор, гигантските земји имаат територии кои луѓето не можат да ги населуваат, но сепак е интересно да се размислува за тоа.

Исто толку е интересно што според ова мапа Бразил, Ирска, Јемен и САД си ги задржуваат своите територии.

Мапата може да ја погледнете тука.