Катар ослободен од обвиненијата, ќе го организира Мундијалот во 2022 година

Сепак, независниот проценител на Етичкиот комитет на ФИФА, Ханс Јоаким Екерт, истакнал дека нема да има предлог за нов домаќин на СП 2022, поради тоа што истрагата не успеала да пронајде доказ за мито и корупција.

hans

Катар беше обвинет дека поделил три милиони фунти на некои од официјалните лица во ФИФА, а се со цел да ја добие поддршката во кандидатурата за организација на Мундијалот што ќе се одржи во 2022 година.

Фудбалскиот сојуз на Катар успеа во намерата и во конкуренција на Австралија, Јужна Кореја, Јапонија и САД ја доби организацијата за Светското првенство 2022 година.

Во изминатите две години, независниот адвокат Мајкл Гарсија спроведе опфатна независна етичка истрага во која беа вклучени голем број луѓе од светот на фудбалот, а извештајот со материјал од 430 страници му го предаде на Ханс Јоаким Екерт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.