ВИДЕО: Во Катар отворен „Град на Трудот“ за 70.000 странски работници

На вчерашната церемонија со која и офоцијално беше отворен „Градот на Трудот“, се обрати премиерот Абдула бин Насел Ал Тани кој нагласи дека на овој начин значајно ќе се подобрат стандардите за живеење за странските работници.

„Градот на Трудот“ е сместен на само 14 километри од Доха и е сместен на површина од 1.100.000 метри квадратни. Тој е еден од седумте станбени комплекси што владата ги гради за сместување на 260.000 странски работници.

Катар масивно инвестира во изградба на стадиони и хотели за Светското првенство во 2022. Се проценува дека инвестицијата за изградба на целата инфраструктура наменета за Првенството ќе достигне до 200 милијарди долари.