Катар платил за да биде домаќин на СП 2022

Познатиот англиски весник, „Сандеј Тајмс” обајви текст кој содржи неколку информации и податоци со кои се докажува дека има корупција во водечките органи на светската куќа на фудбалот кои ја одиграа главната улога за да Катар ја добие организацијата на Светското првенство во 2022 година.

„Многу пари се вложени за Катар да си добие организација на СП. Тајните исплати на сметка на челните лица на ФИФА им помогнаа на Катарците да го добијат првенството во 2022. Најголема улога во сето тоа имаше Мохамед бин Хамам, актуелниот потпретседател на ФИФА. На многу лица, внатре во организацијата им беа исплаќани по пет милиони долари, како би се поддржало првенството во земјата“, стои во текстот кој го објави „Сандеј Тајмс“