Катар против Франција во борба за титулата светски шампион

Светот ќе добие нов ракометен шампион, откако селекцијата на Франција во полуфиналето на Мундијалот во Катар, го елиминира бранителот на шампионскиот трофеј Шпанија.

Во вториот полуфинален меч на Светското првенство, репрезентацијата на олимпискиот и европски првак Франција во текот на целиот меч беше подобра од Шпанија и на крајот заслужено славеше победа со 26:22.

За „Триколорите’’ ова ќе биде шесто финале на Мундијалите, а на досегашните пет Французите дури четирипати успеваа да го освојат шампионскиот трофеј. Доколку тоа им успее уште еднаш тие по втор пат ќе обединат титулите од трите најголеми натпреварувања.

Потсетување дека во првиот полуфинален меч репрезентација на Kатар ја победи Полска со 31:29, со што Катар влезе во историјата како прва не европска земја која ќе освои медал на Мундијалот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.