Катастар ќе отвори траен шалтер во Драчево

Новите простории на Агенцијата за катастар на недвижности во населба Драчево утре свечено ќе бидат пуштени во употреба.

„Сѐ со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните од населба Драчево, Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со Општина Кисела Вода одлучи да изнајде трајно решение за нивните потреби. Од утре Агенцијата за катастар ќе отвори траен шалтер во Месната заедница во населба Драчево каде што граѓаните ќе можат да поднесуваат барања, ќе ги добиваат потребните документи и ќе имаат можност и секојдневно да се консултираат со стручните лица од Катастарот во врска со нивните имоти“ , соопштуваат од опшина Кисела вода.

На отворањето ќе присуствува  градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.