Катастар отвора шалтер во Драчево

Во соработка со општина Кисела Вода, Агенцијата за катастар и недвижности денеска ќе отвори шалтер во населбата Драчево.

Преку трајниот шалтер на Агенцијата, жителите од овој регион ќе може да поднесуваат барања, ќе добиваат потребни документи и ќе имаат можност секојденвно да се консултираат со стручните лица од Катастарот во врска со нивните имоти.

На отворањето ќе присуствува директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.