Катастарот од БиХ ќе учи од реформите на нашата Агенција за катастар

Во изминатиов период Агенцијата за катастар на недвижности спроведе голем број реформи кој беа препознаени од многу меѓународни институции како што се Светска Банка и Еурогеографикс кој директно го отценија Македонскиот катастар со висока отценка што го прави лидер во регионот.

Меѓународните институции македонскиот катастар го препорачуваат на катастарите од земјите во развој, во изминатиов период од Агенцијата за катастастар на недвижности на РМ земаа искуства катастарите на Азербеџан, Хондурас, Никарагва, Црна Гора и др.

Денес во едукативна посета во Република Македонија е катастарот на Босна и Херцеговина. Денес на едукативна настава присуствуваат 50 лица од катастастарот на Босна и Херцеговина пред кои се одржаа презентации од страна на стручните лица од Агенцијата за катастар на недвижности. Пред службебениците од босанскиот катастар се презентираат повеќе сегменти во кои Агенцијата за катастар на недвижности има големи достигунвања како што се: е-сервисите, дигитализацијата на катастарските планови, АКН веб гис порталот, катастарот на инфраструктурни објекти, и др.

По завршување на презентацијта службениците од босанкиот катастар го посетија Центарот за катастар на недвижности – Скопје во кој се запознаа со практичната работа на слижбениците од македонскиот катастар и преку практични примери го видоа функционирањето на системите во македонскиот катастар