четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Катастарот подготвува електронски адресен регистар

Агенцијата за катастар на недвижности  ќе воспостави електронски адресен регистар во Македонија според стандардите на Европската унија.

133613315

Поврзани вести

Регистарот треба да овозможи сите жители да бидат запишани на својата адреса. Активностите за негово воспоставување ќе ги претстави денеска директорот на Катастарот Славче Трпески.

Ќе се воспостави  стандардизиран систем за адреси со интегрирани графички и атрибутни податоци со што еднозначно ќе се определи локацијата на адресата.

Описните и просторни податоци за адресите во адресниот регистар ќе се чуваат и водат во централизирана база на податоци.

Најчитани вести