Катастрофална грешка на раководството на Скендербег

Фудбалерите на Скендербег е можно да не играат во предвидениот термин против Крусајдерс

Наместо да бараат визи за Северна Ирска, и тоа во британската амбасада, со оглед на тоа дека оваа земја е дел од Обединетото Кралвско и под надлежност на Лондон, челните луѓе на албанскиот тим Скендербег барале влез во Република Ирска, чија престолнина е Даблин.

Овој пропуст бил откриен на само еден ден пред патувањето, а мечот според програмата треба да се одигра во вторник на стадионот во Белфаст.

Албанскиот тим барал одложување на мечот бидејќи за еден ден не можеле да ги добијат визите. Првиот меч завршил со победа на Скендербег со 4:1.